spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Асфалтирање на улицата Довлеџик

Битола: Асфалтирање на улицата Довлеџик

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на почетокот на асфалтирањето на улицата Довлеџик, на потегот од мостот на реката Курделес до поврзувањето со улицата Големо Езеро во должина од 165 метри. Асфалтирањето продолжува и утре со нанесување на вториот асфалтен слој.

Во делот на реконструираниот пропуст на реката Курделес, асфалтирањето се очекува да биде завршено кон крајот на неделата, откако ќе биде постигната соодветната носивост на бетонската коловозна лента.

Улицата Довлеџик ќе се реконструира во вкупна должина од 470 метри.

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...