spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Општината и Јавните претпријатија ја започнаа акцијата за чистење на дивите...

Битола: Општината и Јавните претпријатија ја започнаа акцијата за чистење на дивите депонии

Започна акцијата за чистење на дивите депонии во Битола. Еден од приоритетите на локалната самоуправа во соработка со јавните претпријатија е компленто да се промени лошата слика која во моментот ја има на повеќе места низ општината.

После спроведеното мапирање на најкритичните точки каде се создадени најголемите депонии, со акцијата се чистат три локации: Обиколницата над Битола, на потегот од Лукоил до тунелот, патот кон село Бистрица и просторот кај ОУ Коле Канински.

Градоначалникот, надлежните служби од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија ги посетија локациите каде се спроведува денешната акција, со цел понатамошно координирано делување и на другите места каде е неопходно расчистување.

Акцијата продолжува и во следниот период, а граѓаните имаат можност дополнително да пријавуваат диви депонии преку веб платформата „Пријави проблем“ или на електронската адреса contact@bitola.gov.mk.

Со ваквиот пристап, локалната самоуправа во соработка со граѓаните, ќе овозможи навремено расчистување и спречување на појавата на нови депонии кои имаат негативно влијание и врз животната средина.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...