Во рамките на новогодишната агенда, градоначалникот на општина Гевгелија, Aндон Сарамандов, беше во посета на Дневниот центар за лица со попреченост и Центарот „Мајка Тереза“. Каде на штитениците им подари новогодишни пакетчиња и подароци.
При посетата, градоначалникот од страна на одговорните беше запознат со работењето и условите на Центрите во кои се згрижени децата на различна возраст. Сарамандов им ја честита Новата година, посакувајќи им здравје, среќа, успех и бериќет.
Во знак на благодарност за новогодишните пакетчиња и подароци, градоначалникот Сарамандов доби мало внимание- рачни изработки кои дечињата згрижени во Центрите ги изработуваат на работилниците за стекнување вештини. Исто така во соработка со Пионерскиот дом- Гевгелија, Општина Гевгелија организираше подарување новогодишни пакетчиња за 50-тина дечиња од социјално-ранливите категории во општината.
Имено, пред новогодишната манифестација за традиционалниот дочек на Дедо Мраз, чиј организатор е Пионерски дом, градоначалникот Сарамандов заедно со Дедо Мраз им ги поделија пакетчиња на дечињата, во присуство на нивните родители. Градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство од тоа што на дечињата им беа изнудени насмевки од присуството на Дедо Мраз. По дочекот на Дедо Мраз на Железничката станица, новогодишниот карван се упати кон Градскиот плоштад, каде танцовото студио „Мистик“ го одржа новогодишниот концерт.
Членовите се претставија со кореографии инспирирани од урбаната и поп-култура на денешницата.
Извор: Општина Гевгелија