spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Донација на Теренско противпожарно возило

Кочани: Донација на Теренско противпожарно возило

Во кругот на Територијалната противпожарна единица – Кочани беше примана донацијата на противпожарното теренско возило, како донација во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој се спроведува од страна на Програмата за развој на обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC.

-Во оваа прилика изразувам благодарност во името на територијалната противпожарната единица, во името на Општина Кочани и во името на граѓаните на Општина Кочани, затоа што ќе имаме можност да користиме едно современо возило со сите перформанси, со многу можности за брза интервенција – истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Како обврска на општината ќе биде да го опреми со дополнителна противпожарна опрема во делот на резервоари и пумпа кои ќе се користат за соодветните интервенции.

-Возилото е специјално теренско возило, се надеваме дека ќе ни служи за интервенција на планински и полски пожари, бидејќи тоа брзо пристигнува и секаде има пристап – истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Вредноста на донацијата изнесува 1,774,031 денари.

 

 

 

 

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...