Традиционално Општина Куманово ги прогласи најдобрите полицаец и пожарникар и за 2021 година.
За најдобар полицаец е прогласен Далибор Станојковиќ, полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност- СВР Куманово, а најдобар од Територијална противпожарна единица Куманово е Игњат Наковски, пожарникар- спасител.
Наградите ги врачи градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој им се заблагодари за професионалноста во извршувањето на должноста, посака да продолжат да работат со истиот елан и да имаат што помалку работни обврски, работејќи во служба на граѓаните.
Извор: Општина Куманово