Градоначалникот Марко Колев заедно со членови на Советот на Општина Велес ги посети децата кои се лекуваат во детското одделение на Општа болница Велес.
Им посака што побрзо да оздрават и им подари новогодишни пакетчиња. Општина Велес традиционално им ја честита Новата година на дечињата од детското одделение со желби за добро здравје и безгрижно детство.
Извор: Општина Велес