Во изложбениот салон на Општинската установа Музеј на град Неготино се одржа концерт за флејта и пијано во изведба на младата Тамара Лазарова-флејта и Наташа Трбојевиќ-пијано. Концерт се одржа во соработка со Музичката Академија при Универзитеот “Гоце Делчев“ од Штип.
Беа отсвирени врвни и професионални изведби од Bohuslav Martinu, Jules Demersseman и Carl Reinecke – соната и концерти за флејта и пијано.
Тамара Лазарова е од Кочани и е апсолвент на Музичката Академија под менторство на проф.Златка Митева. Учествува во различни јавни и културни настани како “Штипско културно лето“, “Петровденски конаци“ во Кочани, во 2017 година освојува прва награда на Меѓународниот фестивал “Полихимнија“, Скопје.
Во 2018 година своето образование го усовршува во Кина во “Zheijang Conservatory of Music“-Hangzghou, Republic of China, под менторство на проф.He Jing. Своето образование во Кина го завршува со солистички концерт.
Извор: Општина Неготино