Градоначалникот оствари прием за членовите на Кик бокс клубот Гладијатор од Неготино на кој од нивна страна бев запознат со одличните резултати кои тие под водство на тренерот Ѓорѓи Вучков ги постигнаа на Балканскиот куп Балкан бест фајтерс кој се одржа во Ниш на почетокот на овој месец.
Бев информиран дека Марија Јанева го освоила првото место и златен медал и е прогласена за најдобар борец на татами на турнирот, Душица Стојанова е освојувачка на бронзен медал, Јадранка Темелкова го освоила 4тото место, а Роберт Костовски се враќа со сребрен медал со напомена дека поради повреда не можел да настапи во борбата за златен медал.
На сите членови на Кик бокс клубот Гладијатор и на нивниот тренер им честитав за одличните резултати, им посакав успех на идните натпреварувања и ја искажав мојата заложба за континуирана поддршка за сите спортисти и спортски клубови кои со своите успеси придонесуваат за личен развој и за афирмација на спортот во општина Неготино.
Извор: Општина Неготино