Градоначалникот Борче Јовчески присуствуваше на празнувањето на Св. Наум во црквата која го носи името на овај светец, која што се наоѓа на влезот во Прилеп, пред спортската сала „Македонија“. На годинешните домаќини градоначалникот Јовчески им го честитатше кумството и им посака здравје и среќа за нив и нивните семејства.
За наредната година за домаќини се пријавија градоначалникот Борче Јовчески како и поранешниот градоначалник Марјан Ристески и Бошко Талески, кои што ја започнаа изградбата на оваа црква. Оваа посета градоначалникот Јовчески ја искористи да истакни пред присутните дека оваа година 2022, локалната самоуправа на Општина Прилеп планира комплетно да ја заврши доизградбата на црквата.
„Воедно сакам да дадам едно ветување за оваа црква Св. Наум, дека локалната самоуправа со сите надлежности и јас како градоначалник ќе ги преземеме сите активности во текот на оваа година 2022, да ја завршиме изградбата на оваа црква, како внатрешниот дел така и надворешниот и комплетно партерно да го уредиме овој простор околу црквата и да претставува еден убав репрезент на влезот на градот и да биде светилиште на овој светец за сите граѓани на Прилеп.“ – рече градоначалникот.
Извор: Општина Прилеп