20 ученици од ООУ Страшо Пинџур заедно со наставничката Цанка Костова остварија посета и средба со мене како градоначалник на која бев информиран за 2 проекти кои тие ги реализираат.
Станува збор за проекти од хуман карактер,, Дарување, радување и новогодишно украсување,, и,, Секој има право на среќа,, кои имаат за цел учениците, но и пошироката јавност да се поттикнат за грижа, помагање и хуманост.
Преку проектите учениците ги,, оживуваат,, работите во плакарот, на пример играчки, училишни материјали, храна и потоа истите ги донираат онаму каде што се најпотребни.
Костова информираше дека е забележано масовно учество на сите наставници од ООУ Страшо Пинџур и сите собрани работи ќе се донираат.
Учениците мене како градоначалник и на сите 15 советници во Советот ни подарија по една новогодишна елка, за што од мое и нивно име, се заблагодарив од се срце и им посакав уште многу вакви проекти.
Извор: Општина Неготино