Во рамки на проектот „Центар за помош и нега во домот“, општина Василево беше посетена од страна на претставници на Проектната канцеларија на МТСП и консултанти од Светска банка. На работниот состанок чиј домаќин беше градоначалникот Славе Андонов, учествуваа и одговорното лице за услугата од општина Василево, стручните работници од Центарот за социјална работа-Струмица кој е задолжен за корисници на услугата на територија на Василево и Ново Село и координаторот на услугата помош и нега во домот од Црвен крст Струмица.
На состанокот е разговарано за текот и напредокот на активностите и бенефитот од услугите кои ги добиваат вклучените корисници – стари лица над 65 годишна возраст на кои услугата помош и нега во домашни услови им е неопходна во извршувањето на нивните секојдневни активности и животни потреби.
Посетена беше и просторијата /канцеларијата, која е отворена и опремена во рамки на проектот и служи како база и инфо центар за потребите на сите вклучени учесници.
Извор: Општина Василево