На барање на Црковниот одбор од црквата Св. Пресвета Богородица од с. Василево, ЈПКД „Турија“ Василево во соработка и поддршка со локалната самоуправа ги чисти селските православни гробишта. Рачно и со механизација се отстранува сметот, кој граѓаните го оставаат по себе после верските обреди, а кучињата дополнително го разнесуваат. За грдата слика на гробиштата сведочеше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој присуствуваше на акцијата на расчистување на сметот и уредување на околниот простор.
Од ЈПКД „Турија“, апелираат на поодговорно однесување на граѓаните и задолжително собирање на сметот после верските обреди и негово депонирање на соодветното место. Одговорноста и грижата за животната средина треба да биде подеднаква обврска за сите граѓани на општината.
На иницијатива на градоначалникот Андонов, комуналното претпријатие ја чистеше и главната, влезна улица во населеното место Василево. Од тротоарите и коловозната лента се отстрануваа паднатите лисја од околните дрвја- активност која со оглед на годишното време ќе биде спроведувана повеќекратно.
Извор: Општина Василево