spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Закрпени дупките на патот за Добрашинци

Василево: Закрпени дупките на патот за Добрашинци

Конечно се закрпени дупките на патот кон Добрашинци кои подолго време претставуваа опасност за граѓаните кои преку нив минуваа со автомобили“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.andonov, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, информирајќи за крпењето на дупките на локалниот пат што води кон Добрашинци.

Со оваа активност општина Василево решава еден сериозен проблем за сите учесници во сообраќајот на овој особено фреквевентен локален пат, преку кој со општина Василево се поврзуваат и останатите населени места од Подогражденскиот регион. Крпењето на дупките, како  времено и единствено возможно решение во моментот со оглед на финансиската состојба на општината,  значи зголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот на оваа делница.

 

 

 

 

Извор: Општина Василево

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...