spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕКовачевски и Бучковски немаат легитимитет да ги водат преговорите со Бугарија

Ковачевски и Бучковски немаат легитимитет да ги водат преговорите со Бугарија

Почитувани,
Ковачевски во духот на заевизмот очекува со премиерот на Бугарија да изгради пријателски однос. Додека бугарските медиуми предвидуваат дека средбата со Радев за Скопје ќе биде првиот тест за надворешната политика на новиот бугарски премиер Кирил Петков и за неговите односи со претседателот  Радев, пиунот Ковачевски со иста реторика како неговиот ментор Заев продолжува да ги утврдува основите за натамошното преговарање, без притоа да каже јасен став или најмалку што може да направи, да ги осуди срамните изјави на бугарските политичари.
За разлика од Македонија, Владата на Бугарија редовно ги брифира политичките субјекти со цел да бидат запознаени во однос на преговорите. Бучковски, како специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија пак вели дека ќе продолжи таму каде што застанале преговорите за пакетот 5 плус 1.
За Бучковски излезно решение од проблемот е новата стратегија што ја нуди Бугарија што е доволен показател во која насока ќе продолжат уривањата на македонските позиции и покрај низата скандалозни потези и неостварени ветувања Бучковски нема кредибилитет ниту доверба за да продолжи да биде на чело на преговарачките процеси.

Додека Ковачевски и Бучковски сакаат да се промовираат како нова надеж во преговорите со Бугарија, Република Македонија продолжува да биде во најнеповолна положба.

Ковачевски нема легитимитет да преговара и да ги води процесите во спорот со Бугарија од причина што истиот не му е доделен од страна на народот, туку пренесен од Заев кој ја доведе Република Македонија во оваа катастрофална положба.
Лажно оптимистички изјави не му се потребни на македонскиот народ, потребна е дипломатска спремност, кадарност и решителност во преговорите, нешто што СДСМ преку пиунот Ковачевски и специјалниот претставник Бучковски не го поседува.
Република Македонија има Резолуција изгласана во Собранието и од тоа никој никогаш не смее да отстапува. Со Ковачевски и Бучковски во тоа не сме сигурни.

Прашање: Дали сметате дека новиот мандатар Ковачевски има легитимитет да ја води владата во наредниот период. Се споменуваат нови лица за министри од редовите на СДСМ. Дали оваа влада има легитимитет да владее до редовните избори во 2024?   

Одговор: Ковачевски нема легитимитет од две причини. Првата причина е што СДСМ како политичка партија е детронизирана на последните избори поради криминалот, неодговорното раководење со државните прашања и поради останатите резултати кои што ги нема во сите сектори. А втората причина поради тоа е што Ковачевски е пиун на Заев и негова продолжена рака.

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...