„Навистина се случуваат рестрикции, имено донесени се мали измени на правилата за снабдување на мрежните правила за топлинска енергија по барање на БЕГ во која е внесен „Анекс 5“ каде што се вели дека постои можност за оптимизиран режим на топлинска енергија“, истакна претседателката на комисијата за енергетика при ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова Велинова во вечерашното гостување во „24 анализа“ на телевизија 24.
„Оптимизираниот режим значи истата топлина која што ќе е испорачана до граѓаните да биде со продолжен период на греење и да се обезбеди комфор на греење. За жал ова што денеска го гледаме во пракса воопшто не е оптимизиран режим, бидејќи 20+1 од 6 часот наутро до 22 часот навечер не е исполнето“, посочи Маркова Велинова.
Таа додаде дека ако уште во месец ноември можеше да се донесе Уредба за кризна состојба за снабдување со електрична енергија, зошто исто такво нешто не се направи и за гасот.
„Ние сега имаме кризно електро енергетска состојба, а имавме и домашни ресурси, имавме и јаглен. Ако работеше ЕЛЕМ како што треба можеби немаше да има потреба толку пари од буџетот да се одлеваат за да се покрива неработењето на ЕЛЕМ“, истакна Маркова Велинова.
Маркова Велинова посочи дека многу порано требаше да се реагира за да не се дозволи вакво нешто и за да не може БЕГ да биде ставен во една ситуација. Ваквиот начин на регулирање ќе направи проблеми со работењето на компанијата во иднина и уште повеќе ќе ја продлабочи недовербата на скопјани кон централниот систем за испорачување на топлинска енергија за греење.
„Регулаторот е тој кој што уште пред да ја формира оваа цена требаше константно да ја известува Владата што ќе се случи. Вакви крахови и големи проблеми што ги имаме, не може регулаторот да седи и на прес конференција да се обраќа“, појасни Маркова Велинова.
Маркова Велинова посочи дека треба РЕК треба константно да врши мониторинг.
Извор: ВМРО ДПМНЕ