spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: 30 санкции за брзо возење во Скопје, 20 без возачка

МВР: 30 санкции за брзо возење во Скопје, 20 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...