spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПиунот Ковачевски ја поскапи струјата и парното и предизвика инфлација

Пиунот Ковачевски ја поскапи струјата и парното и предизвика инфлација

Пиунот на Заев Ковачевски ја поскапи струјата и парното и предизвика инфлација.

Прва мерка на пиунот на Заев Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за 15%.

Граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно засебно. Тоа се 1000 до 1600 денари зголемен трошок само за овие две работи по домаќинство.

Инфлацијата веќе неколку месеци го јаде буџетот на граѓаните.

Според пишувањето на медиумите цените на храната поскапеле и до 30%. Тоа значи дека тоа што можело да се купи за 20.000 денари минатата година, сега не може ниту со 25.000 денари.

Стандардот на народот секојдневно опаѓа и затоа виновен е Ковачевски кој цел изминат период беше заменик министер за финансии.

Ковачевски не може да ја подобри економската слика, со него ќе биде само полошо.

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...