Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт „Ѓорче Петров“ ја реализиравме божиќната планинарска тура од манастирот Св. „Богородица“ во Стопански Двор до локалитетот „Крст“ во Кучково.
Оваа година го реализираме проектот за обележување на пешачките патеки до Кучково, како и проектот за уредување на локалитетот „Крст“ кој добива современи содржини за рекреација и настава во природа.
Со овие два проекта убавините на Кучково ќе станат подостапни за рекреација и престој во природа.
Извор: Општина Ѓорче Петров