spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот и администрацијата цела вечер на терен, улиците низ општината...

Кисела Вода: Градоначалникот и администрацијата цела вечер на терен, улиците низ општината расчистени и проодни по првиот снег

Градоначалникот Ѓорѓиевски заедно со општинската администрација и сите сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода, ноќта ја минаа на терен.

Со механизација се расчистуваа снежните наноси, се фрлаше сол на замрзнатите површини. Во голема координирана акција, се интервенираше во сите месни и урбани заедници, се реагираше и на повиците од граѓаните кои на дежурните контакт служби од општината, пријавија потреба од дополнителна интервенција за чистење на снегот.

За граѓаните кои имаа неoпходна потреба, градоначалникот Ѓорѓиевски кој го координира општинскиот кризен штаб, на располагање ги стави сите службени возила. Од синоќа улиците се чисти и проодни, а утринава акцијата проолжува со чистење на тротоарите и пешачките патеки со специјални трактори.

Повторно апелираме до сопствениците на деловните објекти во општината да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот, а исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби. Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови  и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...