Проектите кои ги нудевме во кампањата беа плод на гласот и потребите на граѓаните.
Затоа се реални и остварливи и наша обврска е тоа кое што сме го ветиле да го реализираме.
Едно од нашите ветувања беше бесплатен интернет за сите.
На вкупно 5 различни локации во градот се поставени интернет базни станици кои нудат бесплатен пристап до безжичен интернет.
Тргнувајќи од паркот на млади, плоштадот Св.Спасо Радовишки, Центарот за култура па се до Спортската сала 25 мај, граѓаните особено младите можат да користат бесплатен интернет.
Овој проект кој директно ги засегаше младите, во почетокот на наредната година ќе биде реализиран и по населените места во општина Радовиш.
Извор: Општина Радовиш