spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЗечевиќ: Следува широк, инклузивен процес на избор на нови раководства на општинските...

Зечевиќ: Следува широк, инклузивен процес на избор на нови раководства на општинските организации

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ попладнево одржа работен состанок со претседатели и секретари на Општинските организации на СДСМ.
На состанокот, генералниот секретар го претстави планот за избор на нови претседатели и раководства на Општинските организации и Градската организација на СДСМ преку широк инклузивен процес, во консултација со членството и месните организации на партијата.

„Да се чуе гласот на секој член и заедно да ги избереме вистинските кандидати за претседател во секоја општинска организација на партијата. Преку еден инклузивен процес кој ќе трае неколку месеци и кој ќе има два циклуси на консултации со месните организации. Да им дадеме шанса на месните одбори да се изјаснат, да дадат свои предлози за кандидати за претседател, а секако дека останува и процесот на самокандидирање а изборот ќе се врши согласно Статутот. Вториот циклус на консултации ќе продолжи по назначувањето на претседател на општинската организација, за номирањето на предлози за членови за Изврешен одбор, односно раководство на општинската организација. Секој поединец, социјалдемократ, од било кое време, да биде вклучен, да даде придонес. Да го сплотиме целиот наш човечки потенцијал, да ги избереме висинските луѓе“ рече генералниот секретар, Миле Зечевиќ.

Првиот човек на нашата општинска организација мора да биде со силен личен интегритет, почитуван во средината и во поширокото членство, посветен на интересот на граѓаните и државата. Тој човек сам по себе треба да биде промената што треба да ја воведе во општинската организација, да интегрира и да обединува, додаде Зечевиќ.

Постапката за избор на претседатели на општински организации на СДСМ почнува од утре, 12 јануари, со објава на јавен Оглас, Роковник и Правилник за постапката на официјалната интерент страница на СДСМ.

Во периодот што претстои СДСМ ќе го засили присуството на терен, меѓу членовите, но и меѓу граѓаните.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...