Убавината и вербата која ја носат големите христијански празници Бадник и Божиќ, стануваат уште поголеми кога празнувањето е исполнето со споделување.
Во таа насока, со цел внесување радост и кај бездомните лица,Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги посети сместувачките капацитети за бездомни лица во надлежност на Црвен крст, Општинска организација Битола.
Со Божиќни подароци од прехранбени продукти и пакетчиња за најмладите, градоначалникот внесе празнична топлина и кај овие лица, а во непосредна средба со нив се информираше за состојбата на лицата од социјално загрозени семејства и нивните потреби.
Извор: Општина Битола