spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во текот на...

Град Скопје: Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во текот на викендот изрекоа 14 казни

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина,  изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад.

Затекнати и санкционирани се лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни. Во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57, фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што истото е казнето.

 

Изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекоа 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во Градскиот парк.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...