Продолжуваат вонредните надзори на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници на територија на Град Скопје. Инспекторатот вчера изрече две казни за фирмите “Менсур Турс” и “Ганиќ ексклузив” од Скопје.
Градот Скопје ќе продолжи со секојдневни теренски контроли и инспекциски надзори на превозниците на патници, со цел доследно почитување и спроведување на законските прописи за вршење на оваа дејност. Ги повикуваме фирмите превозници на патници да се придржуваат до законите во нивното секојдневно работење, со цел овозможување квалитетен и безбеден превоз за граѓаните.
Извор: Град Скопје