Ве известуваме по повод големиот христијански празник „Богојавление“ – Водици, на ден 19.01.2022 година (среда), во 11 часот на градскиот базен во Кратово ќе се изврши Богојавленски водосвет под покровителство на Градоначалникот на Општина Кратово и на Македонската православна црква, Кумановско-осоговска епархија.
Бидете дел од овој традиционален верски настан посветен на големиот празник Богојавление – Водици, со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19.
Извор: Општина Кратово