Во четврток, 20 јануари, ќе се одржи онлајн истражување со компании од Крушево кои се однесуваат на давачките кои приватните субјекти ги имаат кон локалната самоуправа. Истражувањето ќе се одржи „онлајн“ и истото е отворено за сите заинтересирани на следниот линк.
Истражувањето го спроведува Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од институтот Finance Think од Скопје, АГОРА, Квантум Прима, и ЛАГ Агро Лидер, и е дел од проектот „Побрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” поддржан од Европската Унија.
Ова е уште еден проект од областа на транспарентноста која општина Крушево го спроведува. Ги повикуваме граѓаните да се приклучат.
Извор: Општина Крушево