Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16 198/18 и „Службен Весник на Република Северна Македонија“ 143/19 и 14/20), член 22 став 1 алинеја 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09,149/09 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16,120/18 и „Службен Весник на Република Северна Македонија“110/19, 267/2020, 151/2021 и 288/2021), Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
БРОЈ 1/2022 за вработување на 1 (еден ) посебен советник во кабинетот на министерот за животна средина и просторно планирање на определено време
Министерството за животна средина и просторно планирање објавува оглас за вработување на 1 лице на определено време, до истекот на мандатот на министерот, на следнива позиција:
- Посебен советник за координација на проекти – 1 извршител
Потребни квалификации,високо образование од областа на компјутерска техника и информатика, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми, работно искуство во работа со проекти, и обработка на информации и база на податоци се смета за предност.
Покрај горенаведените потребни квалификации,кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија
– активно да го користи македонскиот јазик
– да е полнолентен
– да има општа здравствена способност за работното место
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
Работно време од 8:30 – 16:30 часот, односно 40 неделно; нето плата 54.000,00 денари.
Заинтересираните кандидати треба да ја достават следната документација: мотивационо писмо, кратка биографија, копија од уверение за државјанство, копија од диплома за завршен факултет, како и други дипломи и сертификати кои ги поседуваат а се релевантни за работното место.
Потребната документација да се достави во затворен коверт директно до Архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, или по пошта на следнава адреса:
Министерство за животна средина и просторно планирање
бул. „Пресвета Богородица “ бр.3
Кабинет за министер
(со назнака „за оглас за вработување“)
Рокот за оставување на потребната документација е три (3) дена, сметано од денот на објавување на огласот. Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана. По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерството. Министерството ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање