Вчера , ЈПКД „Турија“, по налог на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, со механизација, се вклучи во уредувањето на речното корито во населените места Василево, Пиперево у Добрашинци, заради денешното одржување на верскиот обичај „фрлање на крстот“ и осветување на водите по повод верскиот празник Богојавление – Водици.
„ Верата и традицијата се неизбежен дел од секојдневието на нашите сограѓани, а ние како локална самоуправа со овој чин надело покажуваме дека секогаш сме целосно во служба на своите сограѓани“, информираше градоначалникот Андонов, кој излезе во пресрет на потребите за непречено одвивање на утрешниот настан – осветување на водите по повод празникот Богојавление – Водици.
Извор: Општина Василево