spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски се сретна со министерот Николовски

АХВ: Бабовски се сретна со министерот Николовски

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На средбата  присуствуваа и заменик директорот на АХВ Бесник Елези и првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка  во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски.

На средбата директорот Бабовски го информира министерот за актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите, за преземените мерки и мерките кои треба да се преземат за заштита на животните и справување со болеста во идниот период. Се разговараше и за нови мерки за дополнително субвенционирање на земјоделските стопанства кои применуваат повисока категорија на безбедно производство.

Во периодот 2017-2019, како што истакна министерот Николовски, во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се изработија законите за нус-производи од животинско потекло, за идентификација и регистрација на животните, за заштита и благосостојба на животните, за донирање на вишокот на храна. Се воведоа нови програми за високо ниво на безбедност на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните, а Европската комисија ја рангираше АХВ за најдобра институција во регионот во областа на безбедност на храна и ветеринарство. Безбeдноста на храната и благосoстојбата на животните, заклучи Николовски, останува наш приоритет

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...