spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕДоколку Георгиевски е сигурен во своето домаќинско и чесно работење уште веднаш...

Доколку Георгиевски е сигурен во своето домаќинско и чесно работење уште веднаш нека покрене тужба за изнесените информации, бидејќи податоците говорат друго

Почитувани,

За 103 дена да се реализираат налози во вредност од 11 милиони денари е практично и физички невозможно.

Податоците се евидентни да и обичен лаик воочи дека е невозможно за само 103 дена да се исцрпат 7 милиони денари за реконструкција на улично осветлување и уште 4 милиони за инсталација на 15тина нови линии за улично осветлување.

Доколку Борис Георгиевски е сигурен во своето домаќинско и чесно работење уште веднаш нека покрене тужба за изнесените информации, бидејќи податоците говорат друго.

Јавно го повикуваме актуелниот градоначалник на Гази Баба да направи ревизија и да формира комисија за да ја утврди фактичката состојба на терен, бидејќи согласно нашите информации тврдиме дека не соодветствуваат записниците за реализирани работи на терен со фактичката и актуелна состојба на терен, а за што е потпишано од надзорот.

Еве ова е начинот на испумпување на парите на граѓаните. Цели 11 милиони денари.

Воедно, граѓаните следните денови ќе дознаат и за други сомнителни договори што се склучувани од кадрите на СДСМ, секако на штета на граѓаните.

Прочитајте