spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Ќе продoлжиме да бидеме лидер во искористеност на ИПАРД, тоа е...

МЗШВ: Ќе продoлжиме да бидеме лидер во искористеност на ИПАРД, тоа е влог во развој на земјоделството и економијата

Максималната искористеност на ИПАРД Програмите, ќе биде нашиот приоритет во следните две и пол години, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при денешната посета на компанијата „Вардарец“ во валандовско Удово, којашто е еден од успешните кориснице на мерките од ИПАРД 2.

Министерот Николовски, посочи дека во февруари се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021-2027 за нашата држава и откако ќе бидат завршени административните процедури, ќе биде објавен првиот јавен повик од ИПАРД 3.

„Денеска сме лидери во регионот во искористеност на ИПАРД програмите и нашето знаење ќе го пренесуваме на останатите земји. Ова ќе биде фокусот на политикте во следните две и пол години, максимална искористеност на сите европски средства и нивно вградување во македонскиот агросектор, создавање поволни услови за македонското земјоделство, што повеќе корисници што ќе ги користат овие мерки, што повеќе средства коишто ќе бидат искористени и да продолжиме со успешните политики, да продолжиме да бидеме лидери по искористеност и ИПАРД. Денеска сме во посета на компанијата „Вардарец“ којашто е домашна компанија и пример како од нула може да се искористат европските фондови коишто значат дополнителна вредност за македонската економија, за целокупниот сектор, за нови работни места“, изјави министерот Николовски.

На посетата на компанијата присусутвуваа директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, градоналачникот на Валандово Перо Костадинов и основачот на компанијата, Лазар Кавазов.

Директорот на Платежната агенција Бачовски, посочи дека преку  Агенцијата на компанијата и се исплатени 300 илјади евра за инвестиции во изградба на објектот, набавка на опрема за преработка на млекото и за преработка на млечните производи и усовршување на стандардите на ХАСАП системот.

„ИПАРД 2 програмата функционира досега перфектно, доаѓаме во една фаза во која го носиме приматот на лидери на Западен Балкан, каде што останатите држави допираат до нас за да ги искоритат нашите искуства и знаење, работиме и натаму на носење на програмата ИПАРД 3. ИПАРД Програмата е широка, која што нуди поддршка, и за капацитетите за преработка на млеко, на вино, откупни центри, кланици и останати капацитети кои што нудат преработка, но и капацитетит кои што го развиваат руралниот туризам, следствно на тоа се развиваат руралните средини при што директно се влијае на развој на урбаните и на руралните средини“, изјави директорот Бачовски.

Градоначалникот на Валандово Костадинов изјави дека ваквите инвестиции значат сериозен развој и за региотн.

„На нас како локална самоуправа ни е многу значајно што на оваа индустриска зона се полнат парцелите со нови инвеститори, но исто така се покажува и спрегата и партнерскиот однос на државата, приватниот сектор и локалната заедница. Семејството Кавазови, млекара Вардарец е многу битен економски субјект за Валандово, посебно начинот на кој што компанијата се развива, односот кој што го има со кооперантите како и со своите клиенити, и со локалната наша заедница“, рече градоначалникот Костадинов.

Основачот на компанијата Кавазов изјави дека оваа компанија постои и успешно работи 25 години со производство на млеко и преработка на млечни производи, а благодарение на ИПАРД инвестирале во модернизација на производството.

Министерот Николовски посочи дека во преидот од 2017 до 2019 година се стави силен акцент на искористувањето на европските фондови, се олеснија процедурите за аплицирање за мерките, се скрати времето за потшиување на договорите од 12 на 6 месеци што придонесе за зголемена искористеност на ИПАРД програмите.Вкупно за период 2017 – 2019 година исплатени се околу 20 милиони евра за 1.198 корисници, а од 2017 заклучно со 2021 година преку ИПАРД Програмата се исплатени близу 35 милиони евра  за 2.098 корисници.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...