Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју во емисијата „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа коментирајќи го составот на владата на СДСМ, вели дека останувањето на Оливер Спасовски на позицијата министер за внатрешни работи е само за да го штити криминалот на Заеви, но и да се за себе да може да врши некои нелегални активности.
Во феноменот Спасовски, тоа е еднаквост со Зоран Заев. Значи тој е оставен само за да го штити криминалот на Заеви, ништо повеќе, меѓутоа во тој меѓупростор му е дадена можност и за себе да може да си работи некои работи кои што се незаконски. Јас тука зборува за нелегални активности во рамките на неговиот ресор кои што тој треба да се бори против нив, но тој напротив наместо да се бори тој е дел од тие структури, вели Ковачки.
Ковачки истакна дека се уште нема разрешница за големи скандали и афери за време на министерувањето на Спасовски, посочувајќи ги случаеви за убиството на Рузвелтова, тон дрога на скопскиот аеродром, како и случајот за пасошите кои наместо да одговараат високи функционери од МВР, одговорност понесоа како што рече тој ниско профилни службеници.
Имаше убиство во центарот на Скопје, на Рузвелтова, до каде е случајот. Расветлен ли е, знаеме ли кој пукаше. Имаше тон дрога на Скопскиот аеродром, имавме четири или пет прес конференции за тоа, месец дена се молчеше за тоа, за на крај додека смислија како да ни одговорат излегоа со некакви апсења, исто како што беше случајот со пасошите кога ги уапсија службениците, не сакам да ги навредам службениците, но се апсеа ниско профилни функционери, не се апси никој од претпоставените, а немаше ниту некаква политичка одговорност, нагласи тој.
Извор: ВМРО ДПМНЕ