spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Италијанскиот да се изучува во училиштата

Центар: Италијанскиот да се изучува во училиштата

Соработката со Град Скопје и локалните општински прашања и основното образование, беа дел од темите на денешната средба на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри.

Градоначалникот Герасимовски и амбасадорот Силвестри разговараа и за поделбата на надлежностите на извршната и локалната власт и за начинот на финансирање на локалната самоуправа.

Герасимовски на Силвестри му ги претстави неговите три програмски определби за подобрување на животот во општината, како јавната хигиена, паркинзите и урбанистичкото планирање, а стана збор и за основното образование и можноста за изучување на Италијанскиот јазик во основните училишта во Општина Центар.

„Согласно Законот за основно образование, постои можност за воведување на Италијанскиот јазик како втор странски јазик за изучување во основните училишта. Со амбасадорот Силвестри дискутиравме за можноста Италијанската амбасада во Скопје да обезбеди професори и материјали за запознавање на учениците во 5-то одделение, за веќе во 6-то одделение тие да можат да изберат да го изучуваат Италијанскиот јазик како втор јазик. Во оваа насока, на мое големо задоволство, се договоривме во иднина да имаме уште неколку средби и да ја интензивираме традиционално добрата соработка помеѓу амбасадата и Општина Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски по завршувањето на средбата.

По завршувањето на денешната средба, прва помеѓу градоначалникот и амбасадорот, соговорниците со заеднички заклучок дека таа е цврста основа за понатамошни заеднички проекти и активности кои ќе се спроведуваат во Општина Центар.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...