Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за Локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), член 29 и 30 став 1 и член 38 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), членовите 13, 14 и 15 од Статутот на ЈОУ Дом на култура ,,Лазар Софијанов“ Кратово Бр. 01-26/4 од 19.02.2018 година и Одлука за дополнување на Статутот бр.02-143/1 од 16.12.2021 година, Градоначалникот на Општина Кратово, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на Директор на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово
Оглас Бр. 1/2022
- Градоначалникот на Општина Кратово распишува Јавен Оглас за избор на Директор со мандат од четири години. Согласно условите предвидени со закон кандидатите треба да достават пријава со кратка биографија и документација дека ги исполнуваат следниве услови:
– диплома за завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествени науки или од областа на хуманистичките науки;
– уверение за државјанство (не постаро од шест месеци);
– доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција за вршење на професија, дејност или должност ( не постаро од 6 месеци);
– потврда за работно искуство во културата, да има минимум 5 (пет) години работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за делo;
– да има еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постари од пет години: – ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода;
– Предлог програма за работа и развој на Дом на култура – Кратово.
- Дневното работно време е 8 (осум) часа, од 7.30 до 15.30 часот, од понеделник до петок.
Неделното работно време е 40 часа.
Основна плата: 37.372 ,00 денари.
- Огласот трае 15 (петнаест) дена, сметано од 18.01.2022 до 01.02.2022 година.
- Пријавите со потребните документи (со назнака за јавен оглас бр.1/2022) да се достават до Управниот одбор по пошта на адреса до ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово, ул. Свети Ѓорѓи Кратовски бб. 1360 Кратово или во архивата на ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово, секој работен ден од 8 до 15 часот.
- Пристигнатите документи ги разгледува тричлена комисија формирана од Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата ,,Лазар Софијанов“- Кратово. Комисијата е должна во рок од пет дена од завршувањето на огласот да ги разгледа доставените документи.
- Комисијата доставува предлог кандидат до Управниот одбор во рок од 7 (седум) дена.
- Градоначалникот во рок од 15 дена од денот на добивањето на предлогот од Управниот одбор, врши избор на Директор.
- Ненавремено доставените пријави нема да се разгледуваат.
Извор: Општина Кратово