Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија апелираат до граѓаните на општина Гевгелија пепелта од грејните тела да не ја фрлаат во контејнерите за одлагање отпад, поставени на јавно-прометните површини.
Поради спречување на опасност од запалување и уништување на истите. Но и можност да се предизвика и поголема штета не само со опожарување на контејнерите, туку и на околните објекти и автомобили.
Извор: Општина Охрид