Со Одлуки на Владата за одобрување на средства од Резервите на Буџетот, одобрени се средства за надомест на проценети штети од:
? град – јуни 2020 година
? слана – април 2021 година
? Одобрени се вкупно 36.786.000 денари на 469 граѓани од општина #Валандово, кои претрпеле штета од невремето во наведените два наврати.
Штетите се нанесени на земјоделски култури и на градежни објекти. Поконкретно, нанесени се штети на:
? лозови насади
? овошни насади
? градинарски култури
? пластеници
? стамбени единици
? Општина Валандово ќе ги исплати одобрените средства за надомест на штета, на граѓаните.
Создаваме систем кој поддржува и заштитува. Заеднички се справуваме со предизвиците и продолжуваме кон нови цели.
Извор: Општина Валандово