spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Осветлено детското катче во Паркот на бранителите во Драчево

Кисела Вода: Осветлено детското катче во Паркот на бранителите во Драчево

Просторот наменет за детска игра во Паркот на бранителите во Драчево е осветлен. Општина Кисела Вода во ова детско игралиште постави четири петметарски столбови со светилки кои ќе овозможат истото да се користи до подоцнежните часови.

 

Ова детско катче е многу често посетувано од страна на локалното население. Во самиот комплекс има и клупи кои најчесто ги користат родителите, кои се придружба на најмладите. Со осветлувањето на просторот се зголеми комодитетот, но и безбедноста на посетителите.

Интервенциите во подобрување на условите и креирање на нови детските катчиња, активно течат. Во изминатиот период, Општина Кисела Вода темелно реконструираше две детски игралишта. Првото, лоцирано на улицата “Димо Хаџи Димов”, а второто во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, во близина на булеварот “Борис Трајковски”.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте