Во периодот од 17.01.2022 до 23.01.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се осум учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
МВР: Осум санкции за непрописно вградени фолии
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Прочитајте
МОН: Резултати од конкурс за доделување на ученички стипендии за учебната...
Резултатите од конкурсот за доделување на 1500 стипендии за ученици од дуални паралелки и од конкурсот за доделување на 900 стипендии за социјална поддршка...