spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Бруто плата 2022 година

УЈП: Бруто плата 2022 година

Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2022 година изнесува 43.509 денари согласно објавата од Државен завод за статистика линк.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2022 година.

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2022 година изнесува 21.755,00 денари (50% од 43.509)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 696.144,00 денари (16 x 43.509)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за самовработено лице изнесува 522.108,00 денари (12 x 43.509)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар.

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
2022 2021 2020 2019 2018 2017 2016 2015 2014 2013 2012 2011 2010 2009
43.509 41.141 38.319 36.017 34.079 32.877 32.268 31.644 30.902  30.595  30.591 30.349 29.829  27.507

 

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2022 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...