Министерот за правда д-р Никола Тупанчески, оствари работна средба со Директорот на Управата за водење на матичните книги, Блерим Абази. Целта на оваа средба беше подобрување на функционирањето на услугите кои ги нуди Управата за водење на матичните книги, како и заедничко изнаоѓање на законски решенија кои би ја подобриле работата на оваа институција.
Интенцијата како на министерот, така и на директорот беше носење на брзи и квалитетни измени на законските решенија, со цел враќање на довербата кај граѓаните како и заштита на нивните интереси. И двајцата заклучија дека одредени работи се системски и не може да се променат преку ноќ, но со добра волја, посветеност и работа може да се постигнат промени кои ќе влијаат врз квалитетот на животот за сите.
Извор: Министерство за правда