Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески, вчера ја посети Нотарската Комора на Република СевернаМакедонија и оствари работна средба со Претседателот Методија Ристоски.
На средбата се разговараше за зацврстување на соработкатана Министерството и Комората, во правец на понатамошенразвој на нотаријатот. Фокусот беше ставен на иницијативата за изнаоѓање на решенија за проблемите сокои се соочуваат Комората и нотарите особено во сферата напасивната нотарска архива, електронското поврзување со институциите заради побрзо прибирање на податоципотребни за поефикасно вршење на нотарската служба, измена на законското решение и подзаконските акти во правец на надминување на недореченостите на кои укажадосегашната пракса, како и за другите теми кои тековно произлегуваат од секојдневното вршење на нотарскатаслужба.
Министерот за правда ја поздрави работата и залоложбатана нотарите во време на светска здравствена пандемија, бидејќи кога зборуваме за нотарската дејност, тогаш зборуваме за правна сигурност, а правната сигурност е најважниот аспект на владеењето на правото, но и најави како и досега, континуирана соработка во правец наизнаоѓање на решенија за секој од проблемите со кои се соочува нотаријатот и посочи дека Министерството за правда ќе продолжи и понатаму да дава поддршка за сите суштествени прашања кои што се од интерес на развојот на нотаријатот, а се во надлежност на Министерството за правда.
Извор: Министерство за правда