Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески вчера попладнево оствари средба со Заменик шеф на Мисијата, Ерик Мејер. Министерот потенцираше на важноста на континуираната поддршка која што САД ја дава на затворскиот систем, на судовите и Судско – медиумскиот совет, јавните обвинителства и Академијата за судии и јавни обвинители.
На средбата беше дискутирано за создавање оптимална средина и услови кои што ќе придонесат кон зголемување на НЕЗАВИСНОСТА И НЕПРИСТРАСНОСТА, а од друга страна и кон јакнење на КВАЛИТЕТОТ, ЕФИКАСНОСТА и ТРАНСПАРЕНТНОСТА на судството и јавното обвинителство.
Министерот даде краток осврт и за идните приоритети на Министерството за правда, како што се: изготвување на современи и квалитетни законски решенија, процесот на дигитализацијата како неминовен процес, техничко опремување на правосудните органи.
Исто така, министерот нагласи и за потребата од проценка на степенот на имплементација на активностите кои произлегуваат од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022) и донесување на нова Стратегија во која што ќе бидат опфатени сите недостатоци со кои се соочува нашиот правосуден систем.
Извор: Министерство за правда