Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски. На средбата во Општина Кисела Вода, на која присуствуваа и претставници од неколку сектори во ова претпријатие, како и советникот од Советот на Кисела Вода, Иван Митровски, беа дефинирани насоки за активно делување на двете институции кои треба да го подигнат квалитетот на живот во општината.
Се разговараше за одржувањето на јавното градско зеленило, за подигнување на нови јавни зелени површини, како и на парковите низ Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски ги информираше за изградбата на новите паркови во Припор и во Дупки, чија изградба е во полн ек. Ги извести и за неодамнешното пошумување на Усје со 2500 аризонски чемпреси, по што се говореше за одржувањето, како дејност која е во ингеренција на ова јавн претпријатие. Средбата финишираше со заеднички договор за следните чекори кои Општина Кисела Вода и ЈП Паркови и зеленило ќе ги преземат во насока на подобрување на хуманото живеење во овој дел од градот.
Извор: Општина Кисела Вода