Раководствата на Општина Кисела Вода и на Град Скопје денес одржаа координативен состанок заедно со претставници на јавните претпријатија и секторите при Градот од една страна и претставници на урбаните и месните заедници од општина Кисела Вода, од друга страна.
Настанот го отвори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој го изрази задоволството од можноста да се евидентираат проблемите кои се во надлежност на Градот Скопје, во присуство на градоначалничката Данела Арсовска, но и на службите кои се одговорни за нивно решавање. Потенцираше дека на овој начин ќе се забрза темпото на нивно решавање.
Градоначалничката Арсовска на почетокот се заблагодари на ажурноста на Општина Кисела Вода од која претходно ги доби како печатен материјал сите евидентирани проблеми. Во своето излагање се осврна на повеќе од посочените проблеми и ги утврди насоките по кои тие ќе се решаваат. Потенцираше дека оваа средба е прва и дека вакви работни состаноци ќе бидат редовна пракса и ќе се одвиваат најмалку еднаш во месецот.
Настанот продолжи со работен состанок на градоначалниците, на која се дискутираше околу динамиката на заедничките проекти кои во моментот течат на територија на општина Кисела Вода и планирање на следните заеднички чекори во насока на подобрување на жителите од овој дел на Скопје.
Извор: Општина Кисела Вода