spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Скопјани пијат чиста и безбедна вода

Град Скопје: Скопјани пијат чиста и безбедна вода

Жителите на Скопје пијат чиста и безбедна вода, потврдија денеска од ЈП „Водовод и канализација“. Квалитетот на водата за пиење од водоснабдителниот систем во Скопје се контролира во Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“, чиј составен дел се акредитирани лаборатории според ISO 17025.

Преку процесот на контрола, кој подразбира постојан мониторинг и запазување на високите стандарди, се потврдува квалитетот и безбедноста на водата за пиење, која високо котира во европски рамки.

 

Во работна посета на Секторот за санитарна контрола денеска беше и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, кој се запозна со процесот на работа и процесот на контрола на водата, кој секојдневно се изведува преку примероци од повеќе од 50 мерни места во градот Скопје.

 

Покрај запознавањето со процесите кои се изведуваат во хемиската, микробиолошката и молекуларната лабораторија, Перински се запозна и со тековните проекти. Тој беше информиран и за оперативноста на Секторот за санитарна контрола чии лаборатории врз основа на своите достигнувања се доближуваат до лабораториите на европско и светско ниво.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...