spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Учество на ЗМНР Исаки на тркалезна маса - Совет на амбасадори

МНР: Учество на ЗМНР Исаки на тркалезна маса – Совет на амбасадори

Заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки вчера учествуваше на тркалезна маса: „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ долга, (не)завршена приказна – одржливост на надворешнополитичкиот курс на Северна Македонија“, во организација на Советот на амбасадори.

Во своето обраќање, заменик министерката, Исаки, даде осврт на нашите стратешки ориентации, поставувајќи го членството во ЕУ и НАТО како свои надворешнополитички приоритети, при што Северна Македонија се стави во друштво на земји на кои географски им припаѓа и споделува заеднички вредности.

Целта на настанот беше да се даде придонес, да се разменат мислења во врска со пристапниот  пат на земјата кон ЕУ, но и за регионалните предизвици како важни општествено – политички процеси. На тркалезната маса свое обраќање имаше претседателот, Стево Пендаровски, а говореа и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на ЕУ делегацијата во Скопје, амбасадорите на Италија, Словенија, Франција, Холандија, замениците шефови на мисии од амбасадите на Германија и САД, како и поранешни амбасадори Мухамед Халили, Александра Наќева-Ружин, Љупчо Арсовски, Тихомир Илиевски и Ѓорѓи Филипов.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте