spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Министерот Шаќири и Градоначалникот Мерко потпишаа договор за изградба на спортска...

МОН: Министерот Шаќири и Градоначалникот Мерко потпишаа договор за изградба на спортска сала во Делогожда

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко потпишаа договор за изградба на спортска сала во Делогожда, Општина Струга.

Со овој договор Министерството за образование и наука ќе инвестира во објект за настава по физичко образование, со вкупна површина од 650 квадратни метри во Општина Струга.

Министерот Шаќири на потпишувањето на договорот истакна дека во растењето на здрави генерации, еден од пресудните фактори е квалитетното физичкото образование кои ги поттикнува учениците да спортуваат и да постигнуваат повисоки резултати. Затоа, Владата и МОН со вложувања и изградба на нови објекти создава подобри услови каде децата ќе можат да ги реализираат часовите и други спортски активности.

Спортската сала во Делогожда ќе биде наменета за различни видови спортови, како ракомет, кошарка, одбојка, мал фудбал и гимнастика.

Градоначалникот Мерко и министерот Шаќири, имаа и работен состанок на кој разговараа за повеќе важни прашања поврзани со образованието.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте