spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба на министерот Тупанчески со Амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис...

МП: Средба на министерот Тупанчески со Амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија

Денес, во просториите на Министерството за правда се одржа средбата помеѓу министерот за правда, д-р Никола Тупанчески и Амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

На почетокот на оваа средба, министерот потсети дека Северна Македонија ја цени поддршката што Шпанија ја дава на нашата земја, особено низ заложбата за продлабочување на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Судската школа и Центарот за правни студии во Шпанија.

Проектите што ги реализира Министерството за правда и предизвиците со кои се соочува нашиот правосуден систем беа дел од темите на разговор на денешната средба. Министерот потенцираше дека реформите остануваат да се спроведуваат во континуитет и од тоа нема отстапување.

Исто така, амбасадорот ја искажа подготвеноста на неговата земја да ја продолжи соработката  со Северна Македонија, преку обезбедување на размена на искуства за унапредување на правосудниот систем, а со тоа и поддршката при спроведување на реформските приоритети кои се поврзани со процесот на европска интеграција.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте