Голема чест е да се доделат благодарници и вредносни ваучери за младите кик-боксери и каратисти од општина Виница.
Младите кик-боксери Иле Леков, Лука Змејковски, Анастасија Андонова и Ангелина Стојковска беа вистински репрезенти на Виница за 2021 година на спортски план, постигнувајќи врвни резултати во кикбоксот и освојувајќи многу пехари и медали.
Младите каратисти Јани Постолов, Јане Постолов и Ања Георгиева, исто така, освојуваќи едно прво и две втори места на државното првенство за деца во категоријата “Кумите машки и женски” до 12 односно 13 години.
Виница од секогаш била расадник на млади спортски таленти во многу индивидуални и екипни спортови. Градоначалникот се обврзувам дека поддршката од општина Виница нема да изостане за сите спортисти и спортови во Виница.