Почитувани,
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски ги излажа граѓаните.
Костовски во кампањата ветуваше нова поликлиника и најави дека уште во првиот месец од мандатот ќе ја отстапи општинската зграда за да стане поликлиника.
Денес, по три месеци од мандатот, Бутел нема нова поликлиника, а градоначалникот Костовски не ја отстапи општинската зграда и најави дека воопшто нема намера да го стори тоа.
Ова е неодговорно и нечесно однесување кон граѓаните на општина Бутел од страна на Костовски.
Костовски исто како неговиот шеф Мицкоски е лицемерен и ги лаже граѓаните.
И Костовски исто како Данела Арсовска во првите месеци од мандатот, освен партизација на општината не направи ништо за Бутел.
Бутел и граѓаните не заслужуваат ваков неодговорен градоначалник.
Извор: СДСМ